Одличен ракометен викенд за ракометарките на Струга ЖРК, кои запишаа две убедливи победи во две различни возрасни конкуренции. Сениорскиот состав славеше на домашен терен против Јехона, додека пионерките се вратија со цел плен од гостувањето во Скопје кај Атлетик.
Во натпреварот од 8. коло во Првата женска лига, одигран во спортската сала „Тими“ во Струга, домашниот тим ја совлада Јехона со убедливи 31:21. Стружанки уште во првото полувреме најавија дека бодовите ќе останат дома, заминувајќи на пауза со предност од 14:10. Во продолжението ја зголемија разликата и заслужено стигнаа до убедлив триумф.
Најефикасна во победничкиот состав беше Емилија Атанаскоска со шест гола, додека Калина Симоноска постигна пет. Леа Пејоска и Матеа Димитроска реализираа по четири погодоци.
Стрелци:
Струга ЖРК: Атанаскоска Емилија 6, Симоноска Калина 5, Пејоска Леа 4, Димитроска Матеа 4, Ашталкоска Маја 3, Ѓонеска Елена 2, Илоска Мила 2, Крстановска Ива 2, Петреска Јана 2, Куциноска Јоана 1.
КХФ Јехона: Муслију Монера 7, Хасани Алтина 7, Далипи Хана 4, Ѓорѓиевска Марија 1, Хасани Агнеса 1, Абдулаји Бленда 1.
ПИОНЕРКИТЕ СЛАВЕА ВО СКОПЈЕ, ЃОНЕСКА ПОСТИГНА 10 ГОЛА!

Успешниот викенд го комплетираа и пионерките на Струга ЖРК, кои во рамките на 7. коло од Пионерската женска лига славеа на гостувањето против ЖРК Атлетик со 21:16.
Стружанки одиграа одлично прво полувреме, во кое направија голема предност од девет гола (7:16), а и покрај подобрата игра на домаќинките во вториот дел, успеаја да ја зачуваат предноста и да стигнат до нова победа.
Главна фигура на натпреварот беше Елена Ѓонеска, која одигра фантастичен меч и постигна дури 10 гола. Ива Крстановска ја следеше со четири погодоци, додека Мила Илоска постигна три.
Стрелци:
ЖРК Атлетик: Неделковска Ана 5, Маркоска Катја 4, Тосеска Катерина 4, Павлески Матеа 1, Тодоровска Клара 1, Велјановски Јана 1.
Струга ЖРК: Ѓонеска Елена 10, Крстановска Ива 4, Илоска Мила 3, Паноска Николина 2, Куциноска Јоана 1, Димовска Евгенија 1.




