Во неверојатно тензичен и неизвесен натпревар одигран во рамките на Суперлигата., екипата на Струга оствари голема победа на гостувањето против Еурофарм Пелистер 2 со резултат 25:24.
Натпреварот понуди вистинска драма и максимална неизвесност до последниот судиски свиреж. Иако домашниот тим имаше свои периоди на добра игра и предност во одредени делови, искусните ракометари на Струга успеаја да ја задржат концентрацијата кога беше најпотребно.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беа Давид Димевски со 7 и Божидар Илиоски со 6 гола. Кај гостите од Струга, пак, се истакнаа Никола Јукиќ и Марио Тановски со по 6 погодоци
Сепак, главна ѕвезда на вечерта и апсолутен херој на мечот беше голманот на Струга, Мартин Јовановски. Тој запиша спектакуларни 14 одбрани, а круна на неговата брилијантна партија беа двата спасени седмерци во критичните моменти од самата завршница, со кои директно го одбрани триумфот на својот тим.




