Македонија наскоро ќе ја добие првата машка трка „Брк-аме машко здравје“, настан кој ќе ја спои љубовта кон трчањето со подигнувањето на свеста за машкото здравје и здравите животни навики.
Организаторите најавуваат дека сите детали за настанот ќе бидат објавени наскоро, а во меѓувреме веќе се отворени пријавите за учество.
Целта е натпреварувачката сезона во Македонија да заврши во позитивна атмосфера, со многу енергија, дружење и трчање, но и со важна порака за грижата за сопственото здравје.
Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк:
🔗 https://kiradziev.trki.mk/mk/events/brk-ame-masko-zdravje
📲 Следете ги новостите на Facebook страницата „Брк-аме машко здравје“ и на Instagram профилот: https://www.instagram.com/brkame.maskozdravje/
Трчај за здравје, движи се за подобар живот и биди дел од приказната!




