Одлични резултати за пливачите на ПК Три Дисциплини на XXII Немо Куп 2026, кој се одржа во огромна конкуренција со повеќе од 400 натпреварувачи од 40 клубови.
Стружани уште еднаш го потврдија својот квалитет, освојувајќи повеќе медали и остварувајќи забележителни настапи во базенот. Меѓу најуспешните овој викенд беа петмина пливачи кои се закитија со одличја.
🥈 Девран Куртис освои два сребрени медали, на 1.500 метри слободно и на 50 метри делфин.
🥇 Дон Зиба блесна со златен медал на 50 метри градно, а освои и сребро на 50 метри делфин.
🥉 Јован Кутаноски се закити со бронзен медал во дисциплината 200 метри делфин.
🥈 Бона Кукунешоска освои сребрен медал на 50 метри градно.
🥉 Мона Кукунешоска стигна до бронзено одличје на 100 метри градно.
Честитки за одличните настапи и на Стефанија Кутаноска, Софија Кутаноска, Керем Куртис, Горјан Шумуликоски и Петар Шикоски, како и за Боран Авмедоски, кој за првпат настапи на натпреварување.
Успехот на младите пливачи е уште една потврда за посветеноста, трудот и потенцијалот што го поседува струшкото пливање.
Струга има на што да се гордее! Честитки за сите натпреварувачи и за целиот тим на ПК Три Дисциплини за постигнатите резултати!
www.javisejuzna.mk — пријател на македонскиот спорт




