Кадетките на ЖКК Струга 2009 ја забележаа убедливата победа во езерското дерби против ГКК Охрид, славејќи со високи 61:20 во натпревар во кој стружанки доминираа од првата до последната минута.
Домашната екипа уште во првата четвртина ја најави убедливата победа, добивајќи ја со 20:3. Предноста продолжи да расте и во следните три четвртини, па Струга 2009 заслужено се радуваше на убедлив триумф во дуелот со охриѓанки.
Најефикасна во победничкиот состав беше Мијевска со 13 поени, додека Дукоcка и Стеблева постигнаа по 12 поени и имаа значаен придонес во убедливиот триумф.
Стрелци за ЖКК Струга 2009:
Мијевска 13, Дукоcка 12, Стеблева 12, Ајдиноска 4, Узунoска 4, Танаскоска 4, Мојсоска 3, Коцареска 3, Хаџиева 2, Коруноска 2, Крацоска 2.
Краен резултат:
ЖКК Струга 2009 – ГКК Охрид 61:20
(20:03, 14:05, 15:08, 12:04)
www.javisejuzna.mk — пријател на македонскиот спорт




