Ракометарките на Струга со убедлива победа ја започнаа новата сезона во Пионерската женска лига, откако во рамките на првото коло, на домашен терен во спортската сала „Тими“ во Струга, славеа против екипата на Астибо со 21-11.

Стружанки уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот и на полувремето заминаа со предност од 12-3. Во продолжението гостинките успеаја да ја подобрат својата игра, но Струга ја задржа предноста и на крајот забележа убедлив триумф од десет гола разлика.
Најефикасна во победничкиот состав беше Елена Ѓонеска со седум погодоци, додека Ива Крстаноска постигна четири, а Николина Паноска и Евгенија Димовска по три гола.
Во редовите на Астибо, најрасположена за игра беше Сандра Донева со седум погодоци.
Стрелци
Струга: Елена Ѓонеска 7, Ива Крстаноска 4, Николина Паноска 3, Евгенија Димовска 3, Јоана Куциноска 1, Деспина Чакар 1, Мила Илоска 1, Мила Миса 1.
Астибо: Сандра Донева 7, Нина Илиева 2, Миа Гигова 1, Клара Митева 1.
Состави
Струга: Михаела Нестороска, Јоана Куциноска, Деспина Паноска, Христина Дејкоска, Деспина Чакар, Евгенија Димовска, Александра Пејчиноска, Марија Глигороска, Николина Паноска, Елена Ѓонеска, Ива Крстаноска, Мила Илоска, Мила Миса, Сара Ајдари, Андреа Секероска, Стефанија Мазниоска.
Службени лица: Владимир Паноски, Теодора Гулиоска, Маја Николска, Делфина Пејоска.
Астибо: Михаела Јакимовска, Мила Димитрова, Миа Гигова, Ани Коцева, Нина Илиева, Сандра Донева, Јована Николик, Клара Митева, Лина Постолова, Стефанија Тонева, Леона Димитрова, Мелани Стојанова, Ана Спасевска.
Со оваа победа, младите ракометарки на Струга испратија јасна порака уште на стартот од првенството, најавувајќи дека ќе се борат за високи позиции во Пионерската женска лига.




