Фантастичен успех за македонскиот кикбокс на Светското јуниорско првенство во Лидо ди Језоло, Италија!

Младите македонски борци се закитија со пет медали, од кои три се со златен сјај, со што Македонија имаше исклучително успешен настап на светската сцена.
За светски шампиони се искачија:
🥇 Глигор Николов
🥇 Калин Бабоски
🥇 Томи Андонов
До бронзени медали стигнаа:
🥉 Петар Лозановски
🥉 Драгица Глигорова
Особено емотивен момент беше успехот на Томи Андонов, кој светската титула ја посвети на својата покојна баба Билјана Биба Андонова.
Зад секој од овие медали стојат години напорна работа, безброј тренинзи и голема посветеност. Резултатот е пет медали и три светски титули за македонските млади кикбоксери.
Мала земја, големи шампиони! 🇲🇰🥇
Честитки за сите натпреварувачи, тренери и стручниот штаб за големиот успех во Италија!




