Кадетите на РК Струга со победа ја започнаа новата сезона во Кадетската машка лига, откако на гостувањето кај РК Алкалоид славеа со 34:40.
Домаќинот имаше одлично прво полувреме и на одмор замина со предност од 19:14. Сепак, во вториот дел следуваше целосен пресврт.
Стружани заиграа многу подобро, го подигнаа темпото и со одлична реализација успеаја да ја анулираат негативата, а потоа и да направат разлика за конечни 34:40.
Најефикасни во победничкиот состав беа Матеј Ковачески и Горазд Ојлески со по 10 голови, додека Петар Дуноски постигна 6. По четири погодоци додадоа голманот Симон Трпoски и Јордан Танаскоски.
Кај Алкалоид, прв стрелец беше Мартин Грашески со 7 погодоци.
Со оваа победа, кадетите на РК Струга на најдобар можен начин ја отворија сезоната 2026/27 и најавија дека ќе имаат што да покажат во новото првенство.




