По втор пат оваа година, Македонија е дел од хуманитарниот предизвик „Ko te juri“ (КТЈ) — тркачка заедница во која километрите добиваат многу поголемо значење: се трча за да се помогне.
Во јануари трчавме за Коста, а овој септември нашата цел е Вук Араповиќ.
Овој пат македонскиот тим го сочинуваат 25 учесници од Македонија, кои во текот на месецот ги собираат своите километри за Вук. Не е важно каде трчаат, со кое темпо или колку километри ќе поминат — секој километар е дел од заедничката хуманитарна мисија.
За нас ова не е трка за пласман, медал или личен рекорд.
Ова е трка за Вук.
25 тркачи. Еден тим. Една цел.
МАКЕДОНИЈА ТРЧА ЗА ВУК!












