Македонската кошаркарска репрезентација забележа убедлива победа над Австрија со 91:59 во второто коло од втората рунда на претквалификациите за Евробаскет 2029. Натпреварот се одигра во Виена.
Во центарот на вниманието беше Ненад Димитријевиќ, кој одигра фантастичен натпревар и оствари трипл-дабл.
Македонскиот плејмејкер заврши со 15 поени, 14 скока и 11 асистенции, со што беше еден од најзаслужните за убедливиот триумф на црвено-жолтите.
Покрај Димитријевиќ, Виктор Ефремовски беше најефикасен со 17 поени, додека Адем Мекиќ и Мозес Рајт постигнаа по 12.
Македонија уште од самиот почеток го контролираше натпреварот и на крајот стигна до убедливи 32 поени разлика.




