Машката кадетска репрезентација на Македонија извојува голема и драматична победа над Португалија со 26:25 во натпревар од EHF EURO 2026, откако Трајче Костов го постигна победничкиот погодок во самиот финиш на средбата. Македонија до триумфот стигна по неизвесен натпревар во кој нашитеракометари покажаа карактер, борбеност и големо срце.
Во нападот најрасположен беше Дамчевски со седум погодоци, додека херојот на мечот Трајче Костов натпреварот го заврши со пет гола, од кои последниот беше вреден победа. На голот блескаше Николоски, кој запиша дури 13 одбрани и беше еден од најзаслужните за големиот успех на македонската селекција.
Со оваа победа Македонија уште еднаш покажа дека поседува генерација со голем потенцијал, која знае да се носи со најсилните европски репрезентации и да победува во драматични завршници




