Македонската машка кадетска репрезентација продолжува да воодушевува! По неизвесен натпревар и драматична завршница, избраниците на селекторот ги совладаа Фарски Острови и обезбедија место на следното Светско првенство.
Нашите млади ракометари одиграа натпревар со голема пожртвуваност и карактер, а победата ја запечатија во самиот финиш, носејќи голема радост за македонскиот ракомет.
Меѓу најзаслужните беше голманот Николовски со 11 успешни интервенции, додека во нападот блескаа Стефан Ѓоргиески и Стефан Ѓоргиевски, кои постигнаа по седум погодоци.
Следниот предизвик за Македонија ќе биде победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Португалија и Шведска, каде нашите кадети ќе се обидат да го продолжат победничкиот поход.




