Стружанецот Марио Танкоски кој играше за големи тимови како Металург, Еурофарм Пелистер, Вардар е нов ракометар на Струга. Тој треба да биде лидер на тимот во новата сезона, кој доби шанса да игра место Пролет во Суперлигата
Покрај Танкоски досега тимот го засилија стружанецот Христијан Крстаноски (лев бек), Мартин Јованоски (голман) и Пеце Рајатоски (десен бек) кои и во минатото играа за РК Струга.
Ново име во Струга ќе биде десното крило Мице Шилегов. Со овие играчи Струга создава конкурентен тим во пресрет на новата сезона.




