Македонскиот ракометен стручњак Аце Јоновски ќе продолжи да го предводи резервниот тим на германскиот клуб SGSH Dragons, откако раководството на клубот постигна договор со него за продолжување на соработката до 2028 година.
Во објавата на клубот се наведува дека поранешниот бундеслигашки ракометар и EHF Master Coach останува дел од стручниот штаб и во наредните три сезони.
„Драго ни е што остануваш со нас, Аце!“, порачаа од SGSH Dragons, изразувајќи задоволство од продолжувањето на успешната соработка.




