понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН

ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 24, 2026
📁 МАГАЗИН, НАСТАНИ
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга


Почнувајќи од денес 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата

Од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата“.

Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим во амбиент што со децении ги обединува поетите и љубителите на литературата од сите меридијани. Градот на мостовите и оваа година ќе биде светска престолнина на поезијата, место каде зборот станува мост меѓу народите, а уметноста – универзален јазик на поврзување. Во рамките на манифестацијата ќе бидат промовирани 14 наслови, изданија на НУМ Струшки вечери на поезијата.

Манифестацијата и годинава е под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, а финансирана од Министерството за култура и туризам.

Покрај лауреатот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Британскиот поет Даниел Хајндс, на јубилејното фестивалско издание учество ќе земат еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Австралија, Албанија, Холандија, Италија…

Отворањето на јубилејното 65-то издание на Струшки вечери на поезијата ќе се одржи на 24 јуни, токму на датумот кога се одбележуваат 165 години од објавувањето на „Зборникот на народни умотворби“ од браќата Миладиновци (објавен на 24  јуни 1861 година во Самобор, во близина на Загреб – Хрватска). Токму тоа е и една од причините поради кои се поместува месецот на одржување на Фестивалот, во период кога се одржуваат најголемите поетски фестивали: Берлинскиот поетски фестивал, Poetry International во Ротердам, Поетскиот фестивал во Бремен, Џенова итн.

Овогодинешното издание на Фестивалот е подигнато на едно повисоко ниво, ќе биде подолго за еден ден, споредено со претходните неколку години и го враќа форматот на професионален фестивал.

Струга е подготвена да ги отвори своите порти за светот и да ја прегрне поезијата во нејзините најразлични форми. Ве покануваме да ја проследите програмата и заедно да ја прославиме уметноста што поврзува јазици, култури и генерации во светската престолнина на поезијата заедно да ги испишеме новите страници на нашата голема поетска приказна.

ShareTweet
Претходна вест

Лина Ѓорческа успешно ја мина првата пречка во квалификациите за Вимблдон

Следна вест

Чаневски се врати во тимот на Бутел

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!
МАГАЗИН

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2026
Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет
МАГАЗИН

Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Јул/2026
Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева
ЗАБАВА

Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Јун/2026
Стружани ги собраа сите награди на државниот натпревар по ИТАЛИЈАНСКИ јазик
ЗАБАВА

Стружани ги собраа сите награди на државниот натпревар по ИТАЛИЈАНСКИ јазик

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
13/Мај/2026
Следна вест
Чаневски бранеше одлично! Макаби Ришон поведе во финалето

Чаневски се врати во тимот на Бутел

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.