Кузмановски блесна со шест гола и МВП признание, Кувајт Спорт Клуб до втора победа на Азиското првенство
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски продолжува со одличните настапи на Азиското клупско првенство, откако беше еден од најзаслужните за новиот триумф на неговиот Кувајт Спорт Клуб.
Кувајтскиот состав ја забележа втората победа на шампионатот, совладувајќи го Ал Наџма со 30-26. Во редовите на поразениот тим настапува и ракометарот на Вардар, Урош Митровиќ.
Кузмановски повторно беше меѓу најдобрите на теренот и натпреварот го заврши со шест постигнати гола, давајќи значаен придонес во победата на својот тим.




