Екипата продолжува со засилување на ростерот за претстојниот период, ангажирајќи го ракометарот Петар Маркоски, кој настапува на позицијата пикер.
Стружанецот во клубот доаѓа од редовите на РК Еурофарм Пелистер 2, каде што се истакна со својата физичка подготвеност, цврста игра во одбраната и сигурна реализација во нападот.
Маркоски потпиша договор со времетраење од две години, со што раководството јасно ја истакнува својата намера за стабилност и континуитет во градењето на тимот.
Со неговото доаѓање, се очекува дополнителна цврстина во одбранбените задачи, но и поголема разновидност во офанзивната игра, особено на линијата од шест метри.




