Македонската кадетска женска ракометна репрезентација обезбеди пласман во финалето на Светското училишно првенство што се одржува во Скопје, откако во полуфиналето убедливо ја совлада селекцијата на Турција со 30-22.
Избраничките на селекторката Даниела Новеска одиграа израмнето прво полувреме, кое заврши без победник (12-12), но во продолжението целосно го наметнаа својот ритам и ја скршија противничката одбрана. Со цврста игра во дефанзива и ефикасни напади, македонските ракометарки постепено ја зголемуваа предноста и на крајот стигнаа до убедлива победа.
Најефикасна во македонскиот состав беше Ивана Трифуноска, која постигна девет погодоци и одигра клучна улога во триумфот.
Во финалето, Македонија ќе се соочи со селекцијата на Хрватска, која во второто полуфинале беше подобра од Романија.




