Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжува со извонредни настапи на меѓународната сцена, откако триумфираше на полумаратонот во Дубровник, Хрватска.
Ивановски патеката долга 21 километар ја истрча за 1:06:30, поставувајќи нов личен рекорд и потврдувајќи ја одличната форма во која се наоѓа. Зад него на целта пристигнаа Силвије Томач со време од 1:14:05 и Жељко Цота со резултат 1:14:23.
Овој успех доаѓа само една недела по неговиот одличен настап на Белградски маратон, каде што Ивановски го освои второто место, заостанувајќи само 24 секунди зад победникот Гудет Гемсис.




