Македонскиот ракометен клуб RK Ohrid оствари голема победа на гостувањето во Атина, совладувајќи го Olympiacos SFP со резултат 26:31 во првиот натпревар од европскиот двомеч.
Охриѓани одиграа одличен натпревар во текот на сите 60 минути и покажаа дисциплина, цврста одбрана и ефикасен напад. Иако домаќинот се обидуваше да го задржи резултатскиот приклучок, македонскиот тим постојано ја контролираше играта и во финишот успеа да создаде солидна предност од пет голови.
Одлични кај нашиот тим беа Николаос Лиапис и Анте Иванковиќ со по 7 гола. Кај Олимпијакос, Савас Савас имаше 14 гола. Голманот Кристијан Пилиповиќ беше одличен ба голот на Охрид со 15 одбрани.
Реваншот меѓу ГРК Охрид и Олимпијакос се игра на 4 април во СРЦ „Билјанини Извори“.




