Еурофарм Пелистер приреди вистинска сензација и му „украде“ бод на моќниот ПСЖ во спектакл со 68 гола во рамки на ЕХФ Лига на шампиони!
Кога сите мислеа дека францускиот шампион ќе си замине со цел плен од Битола, се појави херојот – Дејан Манасков! Во последните секунди, со молскавична контра, ја затресе мрежата и ја крена салата на нозе за конечни 34-34!
А зад целата драма стоеше маестралниот Филип Кузмановски – капитенски, храбро и немилосрдно, со ДЕСЕТ гола го разби одбранбениот бедем на „светците“!




