Вардар 1961 со триумф го затвори регуларниот дел од сезоната, откако на гостувањето кај Алкалоид славеше со 25-28 (13-14). Со новите бодови, „црвено-црните“ го потврдија првото место на табелата и во плеј-офот ќе стартуваат од позицијата број еден.
Натпреварот донесе израмнета борба во првото полувреме, кое Вардар го доби со минимални 13-14. Во продолжението избраниците на тренерскиот тим на вардарци успеаја да го наметнат своето темпо, да ја зацврстат одбраната и да ја сочуваат предноста до самиот крај за конечни
Најефикасен во редовите на Вардар беше Јака Малус со десет погодоци, додека Дмитро Хориха и Урош Митровиќ постигнаа по шест гола. Кај домашниот состав се истакна Урош Борзаш со девет реализации, а Дамјан Митев беше максимално прецизен со четири од четири.
На голот, Валах имаше значаен придонес со 11 одбрани за Вардар, додека кај Алкалоид Кизиќ запиша девет интервенции.




