РК Алкалоид останува доследен и ја продолжува својата клупска стратегија да гради тим за иднината со македонски играчи.
Со задоволство ја информираме јавноста дека продолжен е договорот со нашиот капитен, средниот бек Игор Ѓорѓиев (25), кој реши да остане лојален на нашиот клуб. Ракометарот кој е и актуелен репрезентативец на Македонија е член на нашиот клуб од 2021 година. – стои на страната на клубот.




