Горан Крстевски одигра натпревар за паметење и беше херој на Нес Зиона во 17. коло од израелскиот шампионат! Македонскиот интернационалец буквално доминираше на паркетот и со осум погодоци, плус шест асистенции, ја предводеше својата екипа до важна домашна победа над Хапоел Бер Шева од 35–32.
Нес Зиона уште од првото полувреме покажа дека е решена да ги освои бодовите, заминувајќи на пауза со убедливи 18–13. Во продолжението гостите се обидоа да се вратат, но кога беше најпотребно — Крстевски презеде одговорност и со клучни реализации го скрши отпорот на Бер Шева.




