Со богата музичка и уметничка програма, Италија синоќа свечено ги отвори Зимските олимписки игри 2026 на легендарниот стадион „Сан Сиро“. Олимпискиот оган официјално го означи стартот на Игрите кои до 22 февруари ќе се одржуваат во Милано и Кортина, во организација што веќе доби пофалби за спектакуларната реализација.


Кулминација на церемонијата беше традиционалното дефиле на делегациите од 92 земји учеснички, меѓу кои и Македонија. Нашата репрезентација брои четири спортисти, а националното знаме на свеченото отворање го носеа Јана Атанасовска и Ставре Јада.




