Министерството за спорт на Република Македонија и Сојузот на спортови на Македонија ги прогласија најдобрите спортисти за 2025 година.
За најдобар спортист во Македонија за 2025 година беше прогласен боксерот Ален Рустемовски, кој освои сребро на Европското првенство за боксери до 23 години.
Најдобра спортистка е Катерина Попева, светски шампион во боди билдинг и фитнес.
Признанието за најуспешен спортист со инвалидитет го доби Андреј Стојановски, кој го освои шестото место во дисциплината 400 метри мешано на Олимписките игри за глуви лица во Токио.
Ова се најуспешните за 2025 година:
Најдобар Спортист: Ален Рустемовски (бокс)
Најдобра Спортистка: Катерина Попева (боди билдинг)
Најдобар Млад спортист: Адријан Рустемовски (бокс)
Најдобра Млада спортистка: Даниела Алексовска (џиу џицу)
Најдобар Машки национален тим: Одбојкарска селекција
Најдобар Женски национален тим: Ракометна селекција
Најдобар Тренер/селектор: Могамед Ибрагимов
Најдобра федерација: Џудо федерацијата на Македонија




