Вевчани и годинава е во центарот на вниманието благодарение на својот прочуен Вевчански карневал — уникатна културна манифестација со традиција стара околу 1.400 години, која претставува редок и автентичен спој на пагански обичаи, христијанска симболика и современа општествено-политичка сатира. Овој карневал, кој се одржува секоја година на 12,13 и 14 јануари, претставува еден од најпрепознатливите и најстарите живи карневалски обичаи во Македонија и пошироко на Балканот.


Покрај локалното население, карневалот секоја година привлекува илјадници посетители од земјата и од странство, што го прави важен туристички и културен настан. Вевчани во тие денови живее со посебна енергија — со музика, народни носии, традиционални јадења и заедничка веселба што ги брише границите меѓу домаќините и гостите.

Во продолжение погледнете неколку фотографии од дефилето на маскираните василичари објавени ба официјалната фејсбук страница од Вевчански карневал.



















