Ракометната репрезентација на Македонија успешно го започна настапот на турнирот во Винтертур, совладувајќи го Бахреин со 32:28.
„Црвено-жолтите“ имаа контрола врз резултатот во текот на целиот натпревар, а најрасположен беше Филип Кузмановски со девет погодоци.
Во второто коло Македонија утре ќе игра против Украина од 17:45 часот.




