Македонското математичко чудо од дете, Македон Димитровски, уште еднаш ја воодушеви домашната и меѓународната јавност со нов блескав успех. Младиот талент освои златен медал на Германската математичка олимпијада, престижен натпревар на кој учествуваат најдобрите млади математичари од повеќе европски земји.

Со извонредното издание и врвниот резултат, Македон не само што се искачи на највисокото победничко скалило, туку обезбеди и пласман во супер-финалето, кое ќе се одржи во месец мај во Франкфурт, Германија.
Овој успех претставува уште една потврда за неговиот исклучителен талент, посветеност и континуирана работа, а воедно е и голема гордост за Македонија на меѓународната научна сцена.





