Џудо клубот „Дрим“ Струга забележа исклучително успешен настап на силниот меѓународен турнир во Целје, Словенија, каде што младите натпреварувачи прикажаа врвно џудо и освоија вкупно шест медали.
Амар Бајрамоски – злато 🥇
Елеонора Јосифоска – злато 🥇
Доријан Петковски – сребро 🥈
Енил Ајдиноски– сребро🥈
Мила Стојмиловска – бронза🥉
Давид Спироски – бронза🥉
Одличен настап забележа и Мунир Ајдиноски кој и покрај добрата форма но остана без медал, и покрај тоа што покажа висок натпреварувачки дух.
Клубот упатува посебна благодарност до г-дин Субија Тајроски, македонски бизнисмен кој живее и работи во Словенија, за неговата континуирана и несебична поддршка кон младите спортисти од Струга. Човек кој долги години го помага спортот но и на секој кој навистина му е потребно
ЏК „Дрим“ продолжува да ја афирмира Струга и Македонија на меѓународната спортска сцена.




