Македонија со нов научен успех на светската сцена! Меѓу повеќе од 200 учесници од 24 земји во светот, четворица млади македонски таленти освоија бронзени медали на Светската јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO) до 15 години, која годинава се одржа во Сочи, Русија.
Бронзените отличја ги освоија:
– Валентино Атанасоски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
– Дора Милева, ученичка во прва година во СОУ „Јане Сандански“ – Штип
– Јордан Соколовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
– Дамјан Чамушев, ученик во деветто одделение во ООУ „Ванчо Прке“ – Штип
На престижниот меѓународен натпревар, учениците своите знаења ги демонстрираа во областа на физика, хемија и биологија преку теоретски и практични задачи, натпреварувајќи се со најдобрите млади умови од целиот свет.




