Алкалоид прикажа огромна борбеност и карактер во Битола, освојувајќи вреден бод на гостувањето кај актуелниот шампион Еурофарм Пелистер (26:26).
Херој на натпреварот беше голманот Иван Галевски, кој во последната секунда од средбата одбрани пенал и му обезбеди реми на својот тим. Во редовите на Алкалоид, Марко Стојковиќ беше најефикасен со осум погодоци, додека Игор Ѓорѓиев додаде шест реализации.
Кај домашниот состав најмногу се истакна Дејан Манаков, кој натпреварот го заврши со девет гола.




