Михајловски настапи одлично низ целиот турнир, а до финалето стигна со убедливи победи. Во борбата за златото загуби од полскиот натпреварувач Рафал Гасчак, но и покрај поразот, среброто претставува значајно достигнување и важен чекор напред за македонскиот кик бокс.
Македонската репрезентација од Абу Даби се враќа со вкупно три медали – еден сребрен и два бронзени. Бронзените одличја им припаднаа на Бобан Илиоски и Силвио Мировски, кои исто така имаа успешни настапи и успеаја да обезбедат место на победничкиот подиум.
Овој резултат претставува уште една потврда за напредокот и квалитетната работа во македонскиот кик бокс.
Резултати – Светско првенство:
Кик лајт
+94 кг
Стефан Михајловски – Михал Јанак (Словачка)3-0 1/8 финале
Стефан Михајловски – Мостафа Саад (Египет) 3-0 ТКО
Полуфинале
Стефан Михајловски – Блаж Поточник (Словенија) 3-0
Финале
Стефан Михајловски – Рафал Гасчак (Полска) 0-3




