Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во Битола, совладувајќи го унгарскиот гигант ПИК Сегед со минимални 25-24, во дуел кој беше прогласен за „меч на неделата“ од страна на ЕХФ.
Пред полни трибини и во атмосфера достојна на дерби од Лигата на шампионите, избраниците на Пелистер одиграа борбен и дисциплиниран натпревар, а херој на вечерта беше Жарко Пешевски со седум погодоци. Зад него се најде Филип Кузмановски со четири гола, додека кај гостите најрасположени беа Алустиза Гарсијандиа со шест и Себастијан Фримел со пет гола




