Македонскиот претставник славеше со 3:2 (25:19, 20:25, 14:25, 25:22, 15:5) над РАЕ Спортдикол во реваншот од првото коло во третото по квалитет европско клупско натпреварување.
Победата носи радост за одбојкарките на Работнички Скопје и за македонската женска клупска одбојка која по подолго време може да се пофали и со уште еден претставник по Јанта Волеј КВ кој остварил победа на европско тло.
РАЕ Спортдикол поради подобар сет-количник продолжува во следната рунда, додека за нашиот вице-шампион со ова завршува европската сезона.
Дури четири одбојкарки во редовите на Работнички завршија со двоцифрен ефект – Тамара Стојанова со 19 поени, Антонија Баталаковска 14 поени, Јана Балов 11 поени и Ана Павлоска 10 поени, додека Марија Василевска имаше девет поени.
Работнички Скопје сега ќе се фокусира на домашното првенство каде има одличен старт од четири победи во исто толку натпревари.




