РК Алкалоид одигра моќен натпревар и со убедливи 44:27 ја совлада Струга во рамки на Суперлигата!
Емилијан Ѓорговски беше најрасположен за игра со седум гола, а голем бонус за тимот беше и враќањето на Марко Митев, кој дебитираше по пауза и веднаш се запиша на листата на стрелци со два погодоци.
Алкалоид со оваа победа најавува уште посериозен финиш на есенскиот дел, а веќе во следното коло следи големо дерби со РК Вардар 1961, кое ќе се игра во недела од 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.




