Европската ракометна федерација ги објави судиските двојки за претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка, а Македонија ќе има историски настап со два пара арбитри.
За првпат на едно сениорско големо натпреварување ќе судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека Славе Николов и Ѓорѓи Начевски повторно се дел од елитната група на судии што ќе делат правда на ЕП 2026.
ЕХФ номинираше вкупно 18 судиски двојки, а само Македонија и Шпанија имаат по два пара — големо признание за квалитетот на македонското судство.
Европското првенство ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2026 година во Хернинг, Осло, Малме и Кристијанштад.




