По повод Детска недела што се одбележува во октомври во целиот свет, децата од сите возрасни групи од ЈОУДГ ,,8ми Март,, , објект,,Пеперутка,, Струга, реализираа активности во училишна спортска сала.


Се запознаа со детските права и обврски, а воедно развиваа љубов кон спортот уште од најмала возраст. Во градинките во Струга не само по повод, туку и секојдневно се применуваат спортски активности.


Како? Наутро денот започнува со утринска гимнастика, се користи и пространиот двор околу градинката за спортски игри. А еднаш неделно во големиот хол во градинката сите возрасни групи играат разни спортови, ги користат реквизитите што се на располагање ниска греда, ниска и висока скала, душеци, кошеви, обрачи и слично.


Децата имаат можност да ги совладуваат препреките со провлекување, прескокнување, скокање, фаќање топка, брзо реагирање, внимателност да не удрат другарче, да почитуваат ред, да развиваат спортски дух, да развиваат чувство на припадност на група и многу друго. Често присуствуваат и гости од спортските клубови од градот.
Спортски поздрав! Во здраво тело здрав дух.




