Кадетскиот тим на РК Мулти Есенс запиша нова победа во првенството, откако во дербито го совлада го составот на РК Еурофарм Пелистер 2 со резултат 35:32.
Најефикасен во редовите на Мулти Есенс беше Јован Петрески со седум погодоци, а значителен придонес даде и Ангел Кленковски со пет гола.
Во тимот на Еурофарм Пелистер 2 најдобар, а воедно и најефикасен на натпреварот беше Андреј Дамчевски со дури 14 погодоци.





