Македонскиот голман Мартин Томовски повторно беше клучна фигура за Битигхајм во Втората Бундес ракометна лига.
Во дуелот со неговиот поранешен клуб Лудвигсхафен, Томовски блесна меѓу стативите со 16 одбрани и 40% успешност, носејќи му ја победата на својот тим.
Битигхајм по шест кола има десет освоени бода и се искачи на првото место на табелата, а одличната форма на Томовски е еден од главните адути во борбата за промоција во елитата.




