Првото коло од ракометната Супер лига донесе големо возбудување во салата „Автокоманда“, каде Алкалоид и Охрид одиграа неизвесен натпревар кој заврши со реми 24:24.
Охридци беа поуспешни во првото полувреме и со сигурна игра заминаа на одмор со водство од 13:11. На почетокот од вториот дел повторно имаа предност, но Алкалоид со серија од шест без одговор поведе со 19:15 и изгледаше дека ќе стигне до победата.
Сепак, гостите не се предадоа. Со два брзи гола на Анте Иванковиќ стигнаа до водство во самиот финиш, но домашниот состав со погодоци на Борзаш и Карасманакис во последните моменти се избори за бод.
Урош Борзаш со шест гола беше најефикасен играч на дуелот, додека кај Охрид се истакна Дарко Ѓукиќ со пет погодоци.




