Македонскиот таеквондист Андреј Василевски, член на клубот Бутел, го освои златниот медал на силен Г1 турнир во јуниорска конкуренција во Швајцарија.
Василевски до највредното одличје стигна со три победи, против натпреварувачи од Украина, Шпанија и во финалето против домашен претставник.
Овој успех е уште една потврда за квалитетната работа во ТКД Бутел и за континуираните врвни резултати што македонското таеквондо ги бележи и во младинските категории.




