Македонската репрезентација се врати со голем успех од 9. Европска јуниорска олимпијада по информатика што се одржа во Шумен, Бугарија.
Владимир Грчев се закити со златен медал, додека Марко Кренков успеа да дојде до бронза. Покрај нив, дел од тимот беа и Зоран Илијоски и Јаков Грујовски, а менторската улога ја имаа Иван Занов како лидер и Петар Ковачовски како заменик-лидер.
Оваа година на олимпијадата настапија 96 млади информатичари од 24 држави, а само седуммина се закитија со злато. Меѓу нив беа претставници од Полска, Украина и Македонија,




