По десет успешни години во Германија, Филип Миркуловски се враќа во Македонија и презема нова улога во Ракометната федерација. Легендарниот ракометар ќе биде координатор на сите машки репрезентации – кадетска, младинска и сениорска.
Во новата функција, Миркуловски ќе соработува со селекторите Горан Кузманоски, Наум Танески и Кирил Лазаров, со цел унапредување на работата и развојот на машкиот репрезентативен ракомет.




