Никола Станишиќ од Македонија е големиот победник на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за 2025 година!
Во спектакуларното финале, водителот Воја Недељковиќ, во име на „Гранд“ продукцијата, го прогласи Станишиќ за победник со освоени 138.714 гласови од публиката.
Младиот пејач беше под менторство на Цеца Ражнатовиќ, која уште еднаш ја потврди својата успешна менторска улога. Оваа победа претставува голем чекор во кариерата на Никола и уште едно признание за талентот што доаѓа од Македонија.
Честитки, Никола!




