Левото крило на РК Струга, Ненад Костоски, ќе продолжи да ги брани боите на клубот и во сезоната 2025/2026. Костоски го продолжи договорот и ќе биде дел од тимот и во новата натпреварувачка година.
Со своето искуство и сигурност на крилната позиција, Костоски останува еден од клучните играчи во составот на стружани. Клубот му честиташе за продолжувањето на соработката, со надеж за нови успеси во претстојната сезона.




