Младинската ракометна репрезентација на Македонија го започна Светското првенство со пораз од Фарските Острови – 28:33.
Немавме решение за неверојатниот Оли Митун, кој постигна 15 гола од 17 обиди и беше клучниот играч за победата на Фарските Острови.
Нашите момци покажаа борбеност, но грешките во одбраната и немоќта пред голот на противникот пресудија на крајот.
➡️ Стрелци за Македонија:
Калајџиески 6, Д. Узунчев 6, Карасманакис 4, Петковски 3, Белистојановски 3, Димевски 2, Стојановски 2, Субашевски 1, Димковски 1




