Ракометниот клуб Струга продолжува со стратегијата за вложување во млади и перспективни играчи. Петнаесетгодишниот Војо Клењоски, еден од најперспективните млади ракометари во клубот, потпиша четиригодишен професионален договор со стружани.
Со ова, РК Струга го зајакнува својот ростер со младински кадар и ја потврдува својата заложба за развој на идни репрезентативци на Македонија. Од клубот велат дека ќе продолжат со инвестиции во младите категории, со цел создавање на стабилна основа за идни успеси.
Клењоски е производ на младинската школа на клубот, а неговиот развој се следи со големо внимание. Очекувањата се дека во наредните години ќе прерасне во еден од носителите на играта.




