Во Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ во Струга денеска со почеток во 13:00 часот беше отворена изложбата под наслов „Растенија на планината Јабланица“. Изложбата претставува научно-едукативен приказ на разновидната флора што ја красат падините на планината Јабланица, една од најзначајните природни целини во регионот.


Автор на изложбата е Данче Аџиоски, виш кустос биолог, кој преку истражувачка работа и теренски анализи претходните години успеалa да собере и документира голем број автохтони растителни видови.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со редок и уникатен растителен свет, дел од природното богатство што заслужува посебно внимание и заштита.

Изложбата беше отворена од најистакнатиот ботаничар и истражувач во Македонија, почитуваниот Академик Владо Матевски.

Покрај академикот свое обраќање пред многубројните присутни имаа Магистер Оливера Матевска, кустос-советник во Природнонаучниот музеј во Скопје , Цветлана Василевска директорката на НУ “Никола Незлобински” во Струга и авторот на изложбата Данче Аџиоски Виш кустос биолог.


Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам, што претставува уште еден показател за заложбите кон унапредување на природното и културното наследство на Македонија.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на природата, ученици, научници и туристи да ја посетат изложбата и да откријат дел од тајните што ги крие Јабланица.














