На 56. Меѓународна олимпијада по хемија, која се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, македонскиот тим постигна историски успех. Сребрен медал освои Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“, што претставува прво сребро за Македонија на овој светски натпревар. Бронзен медал освои Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип.
Успешно се претставија и средношколците Иван Костевски, исто така од „Славчо Стојменски“, и Елена Живаљевиќ од гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје.
Ментори на македонскиот тим се професорите д-р Миха Буклески и д-р Марина Стефова од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, и членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, кој го организира нашето учество.




